0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Дебарските пожарникари со 94 интервенции, активно вклучени и во дезинфекција поради Ковид-19

Вкупно 94 интервенции имала дебарската Територијална противпожарна единица во изминатиот период што е за 37 интервенции помалку во споредба со лани. 

Дебар, 9 септември 2020 (МИА) – Вкупно 94 интервенции имала дебарската Територијална противпожарна единица во изминатиот период што е за 37 интервенции помалку во споредба со лани.

– Од вкупниот број интервенции, 81 отпаѓаат на пожари. Од нив, повеќето се на отворен простор. Поконкретно, 30 пожари се на објекти, главно во грејната сезона, а причина пред се се неисчистените оџаци, додека останатите 51пожар се на отворен простор, главно стрништа. На двапати сме интервенирале на возила, додека останите се технички интервенции, изјави командирот на единицата Џетан Мифтароски за МИА.

Поради, брзата, невремена и професионална интервенција причинетата материјална штета е помала, а за среќа немало повредени.

– Можам да кажам дека добро сме опремени и екипирани, иако секогаш може повеќе. Возниот парк го сочинуваат шест возила, од кои четири цистерни и две теренски возила. Во единицата сме 14 вработени кои се многу пожртвувани и способни да одговорат на секој предизвик, вели Мифтароски.

Посочува дека и во следниот период можна е појава на пожари поради високите температури, почестото излегување на отворен простор и изведување земјоделски активности. Затоа апелира на внимателност.

Дебарската територијална противпожарна единица, која интервенира во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше, односно подрачјето на Река, во овој период активно беше вклучена и во дезинфекција на објекти и јавни површини поради пандемијата со Ковид-19. вт/бак/

Back to top button
Close
Close