Дописници МКДОпштински вести

Дебарските иселеници во САД со донации за Инфективното одделение

Дебарските иселеници во САД продолжуваат со донации за својот роден град и сограѓаните а истото го прават и сопственици на фирми во градот, како поединци.

Дебар, 23 декември 2020 (МИА) – Дебарските иселеници во САД продолжуваат со донации за својот роден град и сограѓаните а истото го прават и сопственици на фирми во градот, како поединци.

Во низата до сега, иселениците последователна помош испраќаат за Општата болница со проширена дејност, за обезбедување кислородна поддршка за болните од Ковид-19 хоспитализирани во Инфективното одделение.

– За таа цел нашите иселеници во САД, Фета Фишта и Мафиз Беќири донираа финансиски средства, за што сме многу благодарни. Претходно Беќири донираше средства и за потребната инфраструктура за тогашното интерно а сега инфективно одделение, односно набавката на врати, прозорци и слично, изјави за МИА, директорот на болницата, Баки Халили.

Благодарност тој искажува и за дебарските фирми кои дале донации за одделението.

– Нашата благодарност како институција, за покажаната хуманост, ја заслужуваат и Реџеп Каравидај, сопственик на пекарата „Елита“, кој донираше средства исто така за набавка на кислород, како и на компанијата „Слајс пица“ која донираше машина за перење наменета за одделението, вели Халили.

Во Инфективното одделение донации од различен вид доставуваат и поединци, меѓу кои Сафет Муратоски, кој при нашиот престој во болницата меѓу другото достави флаширана вода за пиење за болните и за здравствениот кадар во одделението.

Моментно во одделението се хоспитализирани пет пациенти, сите на кислородна поддршка, додека исто толку се третираат амбулантски.вт/ир

Back to top button
Close
Close