0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Дебарската полиција заплени 700 килограми прехранбени произоди без документација

Полициски службеници при ОВР Дебар вчера при рутинска контрола во возило со бугарски таблици управувано од Н.С (46) од Охрид пронајделе и одземале 140 кутии со прехранбени продукти во вкупна тежина од 700 килограми.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Полициски службеници при ОВР Дебар вчера при рутинска контрола во возило со бугарски таблици управувано од Н.С (46) од Охрид пронашле и одзеле140 кутии со прехранбени продукти во вкупна тежина од 700 килограми. Настанот е регистриран на регионалниот пат Струга-Дебар, а пронајдените продукти, според МВР, биле без соодветна документација.

– По консултација со Јавен обвинител, возачот и еден  сопатник во автомобилот биле приведени. За настанот биле информирани Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство.

-По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава. соопштија од МВР.оџ/лв/

фото: МИА архива 

Back to top button
Close
Close