Дописници МКДОпштински вести

Дебар и Центар Жупа утре седум часа без вода

Во периодот од 8 до 15 часот утре, вторник, прекин во водоснабдувањето ќе има во општините Дебар и Центар Жупа, како и селата Рајчица и Долно Косоврасти, кои со вода за пиење се снабдуваат од водоводот Росоки-Дебар.

Дебар, 17 мај 2021 (МИА) – Во периодот од 8 до 15 часот утре, вторник, прекин во водоснабдувањето ќе има во општините Дебар и Центар Жупа, како и селата Рајчица и Долно Косоврасти, кои со вода за пиење се снабдуваат од водоводот Росоки-Дебар.

Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандрад“, кое стопанисува со водоводот, прекинот е поради генерално чистење на двата резервоара во градот.

– Ова е повеќе од неопходен зафат, што со години не бил реализиран. Планираме вентилите на главниот резервоар во каптажата во Росоки да бидат затворени седум часа, но лично се надевам дека ако се оди според планот оваа активност да ја завршиме порано, додава Каба.

Водоводот Росоки-Дебар е изграден 1988 година со зафаќање на вода од изворите кај селото Росоки, Мала Река, во должина од 32 километри. Од него со вода за пиење се снабдува Дебар, Центар Жупа, преку кракот кој се одделува кај Мелнички Мост, како и селата Долно Косоврасти и Рајчица, или околу 7 илјади корисници.

Во јули и септември минатата година беа извршени технички интервенции на каптажата во Росоки, со замена на главните вентили, како и на две места од цевководот, кај селото Косоврасти и на Мелнички Мост, со цел зголемување на количината на вода која пристигнува до главниот градски резервоар. вт/мс/

Back to top button
Close
Close