
Лос Анџелес, 4 декември 2020 (МИА) – Кошаркарот Ентони Дејвис го продолжи договорот со Лејкерс, соопшти прес-службата на тимот од Лос Анџелес.
Условите на новиот договор на 27-годишниот Американец не се обелоденети.
Според НБА инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, кошаркарот потпишал 5-годишен договор, според кој ќе заработи 190 милиони долари.
Договорот предвидува опција за раскинување пред последната сезона во 2024 година. зс/