0_Спорт.ПорталКошарка

Дејвис ќе пропушти еден месец поради повреда на тетивата

Главниот тренер на Лос Анџелес лејкерс, Френк Вогел, соопшти дека Ентони Дејвис ќе биде надвор од терените околу еден месец поради повреда на Ахиловата тетива.

Лос Анџелес, 19 февруари 2021 (МИА) – Главниот тренер на Лос Анџелес лејкерс, Френк Вогел, соопшти дека Ентони Дејвис ќе биде надвор од терените околу еден месец поради повреда на Ахиловата тетива.

– Ентони ќе пропушти четири недели. Лекарите сакаат да бидат сигурни дека тој целосно ќе се опорави од повредата, изјави Вогел.

Дејвис го напушти теренот на мечот од регуларната сезона во НБА против Денвер (105:122) на 14 февруари по судирот со противничкиот кошаркар Никола Јокиќ.

Во сезоната 2020/21, Дејвис бележи просек од 22,5 поени, 8,4 скока и 1,8 блокада по натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close