ЕвропаЕвропа.Портал

Дејвид Фрост: Разговорите меѓу Британија и ЕУ се насочени кон постигнување напредок

Британија нема да се согласи со ниту еден предлог на ЕУ кој му овозможува на европскиот блок да одговори со тарифи на измените на британскиот закон по Брегзит, изјави денеска главниот британски преговарач Дејвид Фрост.

Лондон, 25 јуни 2020 (МИА) – Британија нема да се согласи со ниту еден предлог на ЕУ кој му овозможува на европскиот блок да одговори со тарифи на измените на британскиот закон по Брегзит, изјави денеска главниот британски преговарач Дејвид Фрост.

Британија и ЕУ ги интензивираа разговорите за склучување трговски договор, кој ќе ги замени врските кои ги прекина Брегзит, но иако останаа само неколку месеци за да се постигне договор, двете страни се многу оддалечени една од друга. Преодниот рок истекува кон крајот на годинава.

Следната рунда разговори почнува в понеделник и ќе се одржат тет-а-тет, првпат по избивањето на епидемијата на Ковид-19.

Фрост нагласи дека ќе бидат насочени кон постигнување вистински брз напредок.

– Владата нема да се согласи со идеи, како оваа што е сега во оптек, која и овозможува на ЕУ ново право на одмазда со тарифи доколку усвоиме закони, кои одговараат на нашите интереси, напиша Фрост на Твитер. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close