0_Спорт.ПорталФудбал

Де Јонг: Ла Лига е во наши раце, ако ги добиеме сите натпревари, ќе станеме шампиони

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг проговори за борбата за титулата во Шпанија во пресрет на натпреварот против Реал Мадрид во рамките на 30. коло од Ла Лига.

Мадрид, 10 април 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг проговори за борбата за титулата во Шпанија во пресрет на натпреварот против Реал Мадрид во рамките на 30. коло од Ла Лига.

– Ла Лига е во наши раце. Ако ги добиеме сите натпревари, ќе станеме шампиони. Сè зависи само од нас. Да се ​​освои Ел класико е многу важно. Таквиот резултат ќе нè  приближи до целта, но мислам дека овој натпревар нема да биде решавачки. На натпреварите со Реал Мадрид секогаш има голем притисок. Денешното дерби нема да се разликува од претходните. Ние сакаме да победиме и како се приближува мечот, така се зголемува психолошкиот притисок, изјави Де Јонг.

Барселона ќе игра против Реал Мадрид на гостински терен вечер со почеток во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close