0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Де Јонг: Барселона е во хаос

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг зборуваше за ситуацијата во клубот и за можното заминување на капитенот Лионел Меси.

Барселона, 2 септември 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг зборуваше за ситуацијата во клубот и за можното заминување на капитенот Лионел Меси.

Аргентинецот претходно го извести раководството на Барса за намерата да го раскине договорот. Главен претендент за него се смета Манчестер Сити.

– Сега има неред во Барселона, се случуваат многу чудни работи. Вистински хаос. Не сум разговарал ниту со Меси ниту со клубот. Затоа, немам претстава што се случува. Но, ако Меси навистина замине, тоа ќе биде вистински удар за клубот. Кога ќе се вратам по натпреварите на репрезентацијата, ќе видам што ќе се случи, изјави Де Јонг „Дејли Мејл“.

За денес е најавена средба меѓу таткото на Лионел Меси, Хорхе и претседателот на клубот  Јосеп Бартомеу. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close