ЕвропаЕвропа.Портал

Де Лука на прашање за ноќниот живот: Дали си глупав или будала?

Гувернерот на италијанскиот регион Кампанија Винченцо Де Лука, чија популарност деновиве значително се зголеми поради неговите оригинални обраќања кон жителите од регионот за тоа како да се однесуваат за време на епидемијата на коронавирус, „во живо“ на Фејсбук ја објаснуваше „Фазата 2“ и повторно го покажа својот темперамент.

Трст, 25 април 2020 (МИА) – Гувернерот на италијанскиот регион Кампанија Винченцо Де Лука, чија популарност деновиве значително се зголеми поради неговите оригинални обраќања кон жителите од регионот за тоа како да се однесуваат за време на епидемијата на коронавирус, „во живо“ на Фејсбук ја објаснуваше „Фазата 2“ и повторно го покажа својот темперамент.

На писмо во кое жител на Кампанија се жали дека во Фазата 2 вообичаениот ноќен живот нема да може да се врати, тој прво повтори дека во втората фаза сите ќе мора строго да се придржуваат кон мерките за забрана, пред се за растојанието од најмалку еден метар, и потврди дека нема да има враќање на состојбата од пред три месеци, а потоа „експлодира“.

– Дали си глупав или си будала? Постои некој на кого чавката му го испила мозокот и кој не сфати до крај дека Фазата 2 е враќање, не во состојба од пред 3 месеци, туку состојба на претпазливост и заштита од ризик од повторно ширење на заразата, напиша Де Лука.

Ве уверувам дека нема да губиме ниту една минута време, додаде тој, ако ситуацијата не е мирна, нема да слушаме никаков притисок.

– Ќе го направиме она што е потребно за да ги заштитиме животите на членовите на нашето семејство, рече гувернерот на Кампанија Винченцо Де Лука. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close