0_Спорт.ПорталФудбал

Де Хеа: Се надевам дека ќе останам во Манчестер јунајтед многу, многу години

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, стави до знаење дека нема да го напушти клубот во наредните години.

Манчестер, 26 април 2020 (МИА) – Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, стави до знаење дека нема да го напушти клубот во наредните години.

– Да, јас стареам. Само, да се биде дел од еден клуб е неверојатно чувство. Замислете дека 10 години е како сон. Прекрасно е да имате многу игри во овој клуб, па се надевам дека ќе останам тука многу, многу години, верува Де Хеа.

Шпанецот се пресели во Манчестер јунајтед летото 2011 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close