0_Спорт.ПорталФудбал

Де Хеа најплатен фудбалер во Премиер лигата

Порталот „Spotrac“ објави список со најплатени играчи во англиската Премиер лига. Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа заработува најмногу - 23 милиони евра годишно. На второто место е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујн, додека трет е фудбалерот од средниот ред на Сити, Рахим Стерлинг.

Лондон, 12 февруари 2020 (МИА) – Порталот „Spotrac“ објави список со најплатени играчи во англиската Премиер лига. Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа заработува најмногу – 23 милиони евра годишно. На второто место е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујн, додека трет е фудбалерот од средниот ред на Сити, Рахим Стерлинг.

Во првите 15 најплатени играчи во Премиер лигата, пет се од Манчестер јунајтед, по три од Манчестер сити и Ливерпул, по два од Арсенал и Тотенхем.

Списокот на 15 најплатени играчи во Премиер лигата:

  1. Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед) – 23 милиони евра
    2. Кевин де Брујн (Манчестер сити) – 19,7
    3. Рахим Стерлинг (Манчестер сити) – 18,5
    4. Пол Погба (Манчестер јунајтед) – 17,8
    5. Месут Озил (Арсенал) – 16,5
    6. Ентони Марсијал (Манчестер јунајтед) – 15.3
    7. Серхио Агуеро (Манчестер сити) – 14.1
    8. Мохамед Салах (Ливерпул) – 12.3
    8. Маркус Рашфорд (Манчестер јунајтед) – 12.3
    8. Хари Кејн (Тотенхем) – 12.3
    8. Танги Ндомбеле (Тотенхем) – 12.3
    12. Александар Лаказет (Арсенал) – 11.1
    13. Роберто Фирмино (Ливерпул) – 11
    14. Вирџил ван Дајк (Ливерпул) – 10.1
    15. Хари Мегвајер (Манчестер јунајтед) – 10. зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close