0_Спорт.ПорталФудбал

Де Хеа го губи местото во стартните 11 во Јунајтед?

Неодамна, шпанскиот голман честопати прави сериозни грешки кои влијаат на резултатите на тимот.

Манчестер, 7 декември 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го губи трпението со голманот на тимот Давид Де Хеа, пренесува „Атлетик“.

Неодамна, шпанскиот голман честопати прави сериозни грешки кои влијаат на резултатите на тимот.

Покрај тоа, од „Олд Трафорд“ ја следат ситуацијата со уште еден голман, Дин Хендерсон, кој игра на заем во Шефилд Јунајтед. Тој бележи добри игри, има 7 суви мрежи во оваа сезона во Премиер Лигата, додека Де Хеа има само 3.

Манчестер неодамна го ангажираше тренерот на голманите на Барнли, Крег Маусен, за да работи со Де Хеа. Ако тоа не помогне, Хендерсон би можел да биде стартен голман на „црвените ѓаволи“ следната сезона.

Шпанецот брани за Манчестер Јунајтед уште од 2011 година.

Таг
Back to top button
Close
Close