0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Селекторот на Холандија, Франк де Бур, донесе конечна одлука кои 26 играчи ќе ги пријава за претстојното Европско првенство.

Амстердам, 27 мај 2021 (МИА) – Селекторот на Холандија, Франк де Бур, донесе конечна одлука кои 26 играчи ќе ги пријава за претстојното Европско првенство.

Недостатокот на минутажа во Тотенхем за 23-годишниот Бергвијан во текот на последните месеци од Премиер лигата го чинеше настап на ЕВРО 2020, бидејќи Де Бур го избра Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен.

Голманот ветеран Мартен Стекеленбург, кој играше во финалето на СП 2010, беше избран за еден од тројцата голмани, пред Марко Бизо од АЗ Алкмар.

Со 38 години, Стекеленберг ќе биде еден од најстарите членови на тимот на турнирот.

Холанѓаните мора да играат без капитенот Вирџил ван Дајк, кој на почетокот на овој месец изјави дека нема да се обиде да се врати од повредата на Еуро 2020, но наместо тоа се концентрира да биде подготвен за следната сезона во Премиер лигата со Ливерпул.

На списокот на Де Бур се најдоа:

голмани: Јаспер Цилесен (Валенсија), Тим Крул (Норич сити), Мартен Стекеленбург (Ајакс Амстердам);

одбрана: Нејтан Аке (Манчестер сити), Дели Блинд (Ајакс Амстердам), Матијас де Лихт (Јувентус), Стефан де Вриј (Интер), Дензел Дамфрис (ПСВ Ајндховен), Јурием Тимбер (Ајакс Амстердам), Патрик ван Анхолт (Кристал Палас), Џоел Велтман (Брајтон Хов Албион), Овен Вијндал (АЗ Алкмар);

среден ред: Френки де Јонг (Барселона), Мартен де Рун (Аталанта), Рајан Грејвенберх, Дејви Класен (двајцата Ајакс Амстердам), Теун Купмајнерс (АЗ Алкмар), Дони ван де Бик (Манчестер јунајтед), Џорџињо Вајналдум (Ливерпул);

напаѓачи: Стивен Бергуис (Феенорд), Лук де Јонг (Севилја), Мемфис Депај (Олимпик Лион), Коди Гакпо, Дониел Мален (обајцата од ПСВ Ајндховен), Квинси Промс (Спартак Москва), Вит Вегорст (Волфсбург).

Холандија на ЕП ќе игра во Ц-групата заедно со македонската репрезентација, украинската селекција и репрезентацијата на Австрија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close