0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Дејан Недев најдобар македонски каратист за 2019 година

Македонската традиционална карате федерација денеска ги избра на најдобрите каратисти за 2019 година. Кај сениорите наградата за најуспешен каратист отиде кај Дејан Недев, кај сениорките за Јадранка Недева.

Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) – Македонската традиционална карате федерација денеска ги избра на најдобрите каратисти за 2019 година. Кај сениорите наградата за најуспешен каратист отиде кај Дејан Недев, кај сениорките за Јадранка Недева.

Најдобар клуб е Работнички кој годинава слави јубилеј 50 години постоење, додека најдобар клуб во младинска конкуренција е Шихан од Струмица.

Најдобар тренер кај сениорите – Венцислав Недев. Најдобар тренер во младински категории е Атанас Василев.

Во конкуренција на младинци/јуниори првото место им припадна на Самет Еседов и Мила Саздова.

Најдобар кадет е Ведран Андоновски, кадетка – Антонија Белазелкоска.

Награди им беа доделени и на најмалите категории во двете конкуренции.

МТКФ за придонес и развој на овој спорт во нашата држава им додели признанија и плакети на: КК Работнички, Даниел Димевски од Владата на РСМ, Владимир Богоевски и Сашо Поповски од МОК, Зоран Михајлов – новинар, ветеранот Ристо Сакалиев и на македонските судии во традиционалното карате Ѓоко Томовски, Антонио Зврцинов, Сашо Спасовски, Љупчо Миленковски, Бојан Богдановски и Берта Милевска. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close