0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Даукшас: Расте бројот на земји нападнати од лажни вести, откривањето дезинформации во реално време е тешко и скапо

Кога зборуваме за тоа колку земји се оние кои се засегнати од дезинформациите гледаме дека во 2017 година имало 28 земји кои биле нападнати, а во 2019 има веќе 70 такви земји. Значи, овој тренд расте и со тек на времето ќе го гледаме како поголем проблем, или проблемот ќе ескалира, оцени Даукшас.

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Откривањето на дезинформациите во реално време е тешко и многу скапо. Собирањето докази, фактите и докажувањето и разоткривањето бараат многу време и на крајот, за да се допре до граѓаните тоа чини многу. Во последните две години имаме објавено повеќе од 200 статии кои биле прочитани повеќе од 13 милиони пати. Тоа е голем досег или допир за земја како Литванија и е доста сериозен резултат, што покажува дека луѓето сакаат да ја дознаат вистината и се грижат за истата.

Ова го посочи Викторас Даукшас, директор на иницијативата Debunk.eu во Литванија, на дебатата на „Штетното влијание на дезинформациите“, во организација на граѓанската асоцијација МОСТ.

Рече дека е тешко да се согледа како се споделува информацијата преку Интернет, преку групите или веб-страниците, преку социјалните медиуми, од каде доаѓаат коментарите.

– Значи, многу е тешко да се види. И тие се секако што профитираат од лагите. Пресметајте приходи 20.000 веб-страници што постираат дезинформации и тие генерирале 235 милиони долари приходи од програмско рекламирање. Кога зборуваме за тоа колку земји се оние кои се засегнати од дезинформациите гледаме дека во 2017 година имало 28 земји кои биле нападнати, а во 2019 има веќе 70 такви земји. Значи, овој тренд расте и со тек на времето ќе го гледаме како поголем проблем, или проблемот ќе ескалира, оцени Даукшас.

Истакна дека е добра работа што се повеќе организации работат на проверка на фактите и разоткривање.

– Имаме 188 такви организации во повеќе од 60 земји кои работат и на овој проблем и се обидуваат да проверат – политичко проверување на фактите и неговото разоткривање. Овој феномен е се уште нов и е секако голем проблем во поглед на финансирањето на медиумите, одржувањето на медиумите и секако организациите кои ги проверуваат фактите. Половина од овие организации сепак се се уште многу мали и имаат расходи помали од 50.000 долари, што навистина не е многу и поголем дел од организациите се во раните фази и се уште немаат капацитети навистина да работат на разоткривањето на информациите кои бараат се повеќе знаење и користење на алатки, истакна тој.

Посочува дека граѓаните треба да бидат соодветно информирани и образовани, а за тоа се потребни медиумите или новинари на кои им се верува и да им се покаже на луѓето вистината и за сите – за постарите генерации медиумите се единствениот начин да бидат образовани.

Во Литванија, рече Даукшас, во повеќе од 1.500 домени различни организации анализираат над 30.000 статии секој ден на осум јазици.

– Нашата вештачка интелигенција ги бара темите во тие статии и потоа ги спојува со базата на податоци на штетни наративи што претходно сме ги разоткриле. Користејќи го овој метод и наоѓајќи ги приказните кои претходно биле разоткриени како дезинформации, системот може побрзо и побрзо да ги открива. На овој начин оние кои дезинформираат тогаш ќе мора да креираат нови наративи, нови приказни што им ги зголемува ним трошоците. Потоа, ја имаме заедницата на т.н. „елфови“ или виленици кои даваат поддршка на проектот, помагаат со нормализацијата на податоците со нови идеи и даваат поддршка по сопствена волја. Кога содржината ќе биде означена ја доставуваме содржината до медиумите и одделенијата за вести и новинарите можат да откријат која тема сакаат да ја разоткријат. Кога ќе ја одберат темата работат на нејзиното разоткривање, проверка на фактите и кога статијата ќе биде подготвена и кога статијата ќе биде подготвена и подготвена за објавување се објавува во медиумите. Е така се креира тој допир до сите, заклучи Даукшас.

На дебатата се дискутираа различните аспекти на дезинформациите и нивното влијание на социјалните мрежи, како и недоволната свесност кај граѓаните за моќта на социјалните мрежи и штетното странско влијание. Меѓу говорниците освен Даукшас, беа и Румена Филипова, Центар за проучување на демократијата, Бугарија, Лук Захнер, советник за односи со јавност во Амбасадата на САД, Ана Петрушева, директор на БИРН Македонија и Росана Алексоска, програмски менаџер на F2N2. нд/ац/

Панел дискусија – борба против дезинформации

Posted by MИА.mk on Петок, 06 март 2020

Таг
Back to top button
Close
Close