0_Спорт.ПорталКошарка

Даскаловски нов тренер на МЗТ Скопје Уни банка

Професорот при Катедрата за кошарка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) и поранешен тренер на Карпош соколи, Борче Даскаловски, од денеска е прв тренер на МЗТ Скопје УНИ банка.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Професорот при Катедрата за кошарка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) и поранешен тренер на Карпош соколи, Борче Даскаловски, од денеска е прв тренер на МЗТ Скопје УНИ банка.

– Даскаловски доаѓа на местото на Горан Крстевски, творецот на плејада кошаркари кои „жареа и палеа“ на младинската сцена во последните години, а кој, во договор со управата на клубот, ќе се врати во работата со најталентираните во нашата младинска школа, и тоа во селекцијата за играчи до 16 години, соопшти МЗТ.

Борче Даскаловски е поранешен играч на Вардар, Балкан стил, Пелистер и Фени индустри, додека како тренер има работено во Вардар и во Карпош соколи, каде што прво беше асистент во стручниот штаб кога „соколите“ играат во АБА-лигата и го освоија пехарот во Купот на Македонија. Следната сезона го презеде клубот како прв тренер и собра големо искуство преку настапите во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА, а потоа и во ФИБА еврокупот. Минатото првенство, пак, го мина како дел од стручниот штаб на Астана, најдобриот тим во Казахстан и член на ВТБ-лигата, каде што работеше заедно со нашиот поранешен тренер Емил Рајковиќ.

МЗТ Скопје Уни банка и следната сезона ќе биде дел од Првата лига, во која ќе влезе со амбиции за опстанок во елитата, заедно со паралелно создавање квалитетни млади кошаркари, кои потоа би биле прекомандувани во првиот состав на „сините“ од Аеродром. зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close