0_МИА Истражува.ПорталИзбрано

Дали е ова крај на цивилизацијата каква што ја познаваме и можност за промена?

„Светот веќе никогаш нема да биде ист“ е фраза што често се повторува откако коронавирусот ја потресе глобалната економија.

15 април 2020

Хина – Загреб

„Светот веќе никогаш нема да биде ист“ е фраза што често се повторува откако коронавирусот ја потресе глобалната економија.

За многумина, ова е показател на кревкоста на нашата цивилизација.

Кризата се појави во време кога едно ново движење, „колапсологија“, кое предупредува на можен колапс на општествата какви што ги познаваме, станува сè попопуларно.

Климатските промени ја изложија неодржливоста на економскиот и општествен модел што се темели на фосилни горива, а тие стравуваат дека коронавирусот и неговите последици го забрзуваат патот до пропаст.

Теоријата прво се појави во францускиот институт „Моментум“, а потоа стана популарна во 2015 година кога се појави во книга „Како сè може да се уништи“.

Некои поборници на теоријата, како што е поранешниот француски министер за животна средина Ив Кохет, веруваат дека коронавирусот е само уште еден знак на претстојната катастрофа.

Домино-ефектот на вирусот

Во меѓувреме математичарот што ја основаше Француската зелена партија сè уште се двоуми околу тоа дали вирусот ќе биде катализатор на домино-ефект и на тоа прашање одговара со изреката „рано е да се каже дали е доцна“.

Кохет, чија книга „Пред колапсот“ предвидува колабирање во следната деценија, е уверен дека вирусот ќе доведе до глобална криза, посериозна од што се верува.

Кохет, сега 74-годишен пензионер, кој живее „одржлив“ живот во руралната Британија, е загрижен за претстојната „глобална катастрофа со многу жртви, и економски и на друг начин“.

„Она што се случува сега е симптом на цела низа слабости“, предупредува професор Ив Ситон од Универзитетот во Париз VIII.

„Не е крај на светот, тоа е предупредување за нешто што веќе се случува“, рече тој за АФП, за целата серија колапси што веќе започнаа.

Промената е можеби бавна, истакна Жан-Марк Јанцовици, шеф на истражувачкиот Шифт проект чија цел е да се ослободи економијата од јаглерод.

Но преземени се мали чекори (со вирусот) и нема враќање назад, додаде тој.

Пабло Сервигње, еколог и земјоделски инженер, коавтор на книгата „Како се може да се уништи“, има пострашна идеја.

„Големата лекција на историјата… и онаа на Јавачи на апокалипсата е дека чума, војна и глад следуваат едноподруго. „Имаме пандемија што може да доведе до уште еден шок – војни и глад”, предупредува тој.

„А гладот ќе нè направи поранливи за други пандемии.“

Шанса за промена

Иако оваа можност се чини мрачна, влијателниот филозоф Бруно Латур вели дека кризата ни дава можност да замислиме кои би биле алтернативите на неолибералниот капитализам.

Латур на својот блог предупреди дека светот „не треба да дозволи работите да се вратат на старо во моментот кога ќе помине вирусната криза“.

„Да ја искористиме можноста, да одлучиме кои од присилно прекинатите активности сакаме така и да останат, а кои активности сакаме повторно да ги практикуваме и развиваме.“

„Вирусот исто така покажа дека е можно на неколку недели да се суспендира глобалниот економски систем, за кој секој досега се тврдеше дека е невозможно да се забави или приспособи“, напиша Латур во статија за АОС.

Добрата вест за животната средина, вели Јанцовици, е дека за политичките лидери парите веќе не се проблем.

„Ви требаат 500 милијарди? Ќе ги најдеме“, додаде тој.

Но плановите за спасување на економијата би требало што повеќе да водат сметка за загадувањето, тврди Јанцовици и додава дека оваа можност мора да се искористи за да се приближиме кон системот што не се темели на јаглерод.

Меѓутоа, се плаши дека единствениот план ќе биде враќање на старо за да се спасат сите работи.

А тоа не е само поради владите. Ако луѓето веднаш резервираат лет откако карантинот ќе заврши за да се тргнат од сè, тогаш навистина ќе ја запечатиме нашата судбина, истакна Ситон. ки/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close