0_МИА Истражува.ПорталИзбрано

Дали е ова иранскиот „Чернобил“ момент?

Признанието на Иран дека ненамерно го соборил патничкиот авион ги натера демонстрантите да излезат на улиците за време на викендот.

16 јануари 2020

Си Ен Ен – Атланта

Признанието на Иран дека ненамерно го соборил патничкиот авион ги натера демонстрантите да излезат на улиците за време на викендот. Иако демонстрациите беа помали во понеделникот и помалубројни од специјалната полиција, дел од набљудувачите се прашуваат дали тоа би можеби е почеток на крајот на сегашниот режим.

По неколку дена негирање и задушување, Иран официјално потврди рано во саботата дека иранската војска го собори украинскиот авион, убивајќи ги сите 176 патници, од кои многумина беа ирански државјани.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф вината ја најде во „човечка грешка“ предизвикана од американскиот авантуристизам, алудирајќи на ескалацијата на опасниот конфликт помеѓу Иран и Америка во врска со убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Но намерата на иранската Влада да го посочи Вашингтон или други недобронамерни странски сили за немирите во Иран има празнини. Додека администрацијата на Доналд Трамп формираше иритирачка состојба, не беше виновна за авионската несреќа.

Признанието на Техеран се чини дека повторно го запали антивладиниот сентимент што беснееше минатата година и покрај бранот на национализмот што проследи по смртта на Сулејмани.

Голем број на луѓе се собраа во главниот град, Техеран во саботата да изразат сочуство на жртвите, повикувајќи го иранскиот духовен водач ајатолахот Али Хамнеи да се повлече и да бидат казнети тие што се одговорни за авионската несреќа.

Скандирањата како „Смрт за Америка“ беа заменети со „Смрт за диктаторот“ и „Смрт за лажливецот“. Во едно видео се слуша скандирање на демонстрантите „Хаменеи засрами се“ „Напушти ја земјата“.

„Ова веќе се смета како ирански „Чернобил“ момент, аналогија на нуклеарната катастрофа во 1986 година во советската Украина, ги изложи сите некомпетентности, државна измама и ротација во тој режим“, известуваат од ирански веб сајт за иранските новинари во дијаспората.

Но, тешко е да се каже дали тагата и бесот на Иран можат да доведат до револуција.

Револуционерски момент?

Од гледна точка на Западот, ние секогаш бараме револуционерен момен (во Иран), вели Санам Вакил, истражувачки соработник и лидер на ирански форум во Лондон со седиште во Институтот за меѓународна соработка.

– Секако има сличности помеѓу начинот на кој надлежните се справија со несреќата во Чернобил и соборувањето на летот 752 на Интернационалниот авиопревозник „Украина Интернешнл ерлајнс“ – постојани негирања, обид за прикривање, неизбежни записи од странски влади и неволно признание – но паралелите може да завршат тука, вели таа.

Ова може да биде иранскиот „Чернобил“ момент, изјави Вакил. Но прашањето е како иранското раководство ќе се справи со тоа. По Чернобил се беше препуштено на еден политички лидер што донесува одлука да ја прифати одговорноста и да ја смени политичката динамика.

Единствената личност која може да направи значајни промени во иранскиот политички систем е врховниот лидер, истакна Вакил.

И ако историјата е судија, Хамнеи може да се префрли на насилни протести, како што направи за време на анти владините протести што го зафатија Иран минатата година. Реакцијата на Техеран на протестите привлече и меѓународна и домашна контрола со предупредување од Доналд Трамп дека „светот гледа“ и „не ги убивајте вашите демонстранти“.

– За востанието да стане револуција на опозицијата и треба лидер и заедничка идеологија, вели Емануел Карагианис, предавач на Одделот за студии за одбрана на универзитетот Кинг Лондон.

Но иранските демонстранти не поседуваат ни едно од овие две, вели тој, отфрлајќи ги неодамнешните демонстрации како „спонтани и автохтони“ движења, што влегува во широк опсег на интереси и лојалност, вклучувајќи и студенти, професионалци, синдикалци и етнички малцинства.

„Иранскиот режим е на власт повеќе од 40 години. Се разбира, може да пропадне, но тоа тешко ќе се случи без елементи што ќе треба да бидат на место… организирана и обединета опозиција“, вели Вакил.

Нешто е поразлично

Сепак, овој момент изгледа поинаку.

За разлика од претходно, одговорот за падот на украинскиот патнички авион предизвика осуда и од конзервативците кои порано обично ја поддржуваа Владата.

Киан Абдолахи, главен и одговорен уредник на десничарската новинска агенција „Тсним“, која е поврзана со Исламската револуционерна гарда ги критикуваше иранските лидери дека се обидоа да ја излажат јавноста. Тој на својот Твитер профил напиша: „Властите кои ги излажаа медиумите се исто така виновни, сите сме засрамени пред луѓето.“

Тој срам се зголеми под остриот фокус на немилосрдниот циклус на вести и негодувањата на Иранците на социјалните мрежи.

Иако Иранските медиуми не известуваа за протестите кои се случија викендов, објавените фотографии и видеа на социјалните мрежи ја засилија пораката на лутината на народот.

Таране Алидост, најпознатата актерка во Иран која е номинирана за Оскар, на својот Инстаграм профил ја критикуваше Владата, обраќајќи се на своите милион следбеници дека Иранците не се граѓани туку заробеници.

„Јас се борев за моите соништа многу долго време и не сакав да го прифатам тоа. Ние не сме граѓани. Никогаш не сме биле. Ние сме заробеници“ објави Алидост на својот Инстаграм профил.

Исламската Република е под притисок бидејќи луѓето навистина сакаат одговорност и транспарентност, вели Вакил.

Можеби иранскиот потпарол најдобро ја опиша ситуацијата. Во коментар објавен во медиумската агенција Фарс, Али Рабие изјави дека одложеното признание на режимот на „непоправливо го наруши односот меѓу нас и нашата нација“.

Прашањето е што Техеран ќе направи во врска со тоа. ки/ссм/

Back to top button
Close
Close