0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Далас го победи Милвоки, Дончиќ со нов „трипл-дабл“ и рекорд

Деветнаесетте асистенции на Дончиќ се врв во неговата кариера, а исто така беше изедначен рекордот за тековната сезона за Леброн Џејмс, кој забележа 19 додавања против Орландо Меџик во јануари. Покрај тоа, откако се споија НБА и АБА, само двајца играчи регистрираа „трипл-дабл“ со најмалку 30 поени и 19 асистенции - Меџик Џонсон и сега Лука Дончиќ.

Орландо, 9 август 2020 (МИА) – Лука Дончиќ уште еднаш се покажа како главен актер во натпревар на Далас, и покрај неговата сè уште кратка кариера во НБА. Словенечкиот феномен ги уништи Jaнис Адетокумбо и Милвоки Бакс со својот 17-ти „трипл-дабл“ од 36 поени, 14 скокови и неверојатни 19 асистенции и ги поведе Маверикс до успехот над „елените“ со 136:132 (35:22, 27:39, 31:20, 26:28, 17:13) по продолжение.

Деветнаесетте асистенции на Дончиќ се врв во неговата кариера, а исто така беше изедначен рекордот за тековната сезона за Леброн Џејмс, кој забележа 19 додавања против Орландо Меџик во јануари. Покрај тоа, откако се споија НБА и АБА, само двајца играчи регистрираа „трипл-дабл“ со најмалку 30 поени и 19 асистенции – Меџик Џонсон и сега Лука Дончиќ.

Покрај Дончиќ, Доријан Фини-Смит го забележа можеби најсилниот меч во кариерата со 27 поени, 11 скокови и 5 асистенции, Кристапс Порзингис постигна 26 поени и 11 скокови, Макси Клебер додаде 15 поени од клупата.

Јанис Адетокумбо беше на вообичаеното високо ниво со 34 поени, 13 скокови и 5 блока, Брук Лопез забележа најдобар резултат од 34 поени, Крис Мидлтон постигна 21 поен, 6 скокови и 11 асистенции, а Ерик Бледсоу заврши со 15 поени.

Резултати во НБА

Портланд – Л.А. Клиперс – 117: 122
Денвер – Јута – 134:132 по продолжение
Индијана – Л.А. Лејкерс – 116:111
Мајами – Феникс – 112:119
Далас – Милвоки – 136:132 по продолжение

Рангирање:

Источна конференција:
1. Милвоки 55 победи / 15 порази
2. Торонто 49/19
3. Бостон 46/23
4. Мајами 43/27
5. Индијана 43/27
6. Филаделфија 42/27
7. Бруклин 33/36
8. Орландо 32/38
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
9. Шарлот 23/42

Западна конференција
1. Л.А. Лејкерс 51 победи / 18 порази
2. Л.А. Клиперс 47/22
3. Денвер 46/24
4. Хјустон 43/25
5. Оклахома Сити 42/26
6. Јута 43/27
7. Далас 42/30
8. Мемфис 33/37
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
9. Портланд 32/39
10. Феникс 31/39
11. Сан Антонио 30/38
12. Њу Орлеанс 30/39
13. Сакраменто 29/40

Таг
Back to top button
Close
Close