0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Дафина Стојановска: Се наоѓаме пред избор меѓу подобро утре или повторно лаги

Носителката на листата на ВМРО ДПМНЕ за шестата изборна единица Дафина Стојановска денескa беше во посета на населените места во општина Теарце. Во Лешок таа истакна дека борбата за слобода на Македонците е натопено со многу крв како што е примерот со тоа населено место.

Тетово, 27 јуни 2020 (МИА) – Носителката на листата на ВМРО ДПМНЕ за шестата изборна единица Дафина Стојановска денескa беше во посета на населените места во општина Теарце. Во Лешок таа истакна дека борбата за слобода на Македонците е натопено со многу крв како што е примерот со тоа населено место.

Дрвото на слободна Македонија е натопено со многу крв од борци и патриоти кои немерливо ја сакале. Ние денес ја живееме нивната жртва. Ја живееме независна и слободна Република Македонија.  И имаме обврска кон децата што своите таковци ги гледаат само на фотографии, кон нивните мајки, кон нас и нашите поколенија, имаме обврска да ја направиме Македонија пристојно место за живеење. И се обврзуваме на ова.  Жртвите низ историјата на Македонија, како и народот во неа и неговата иднина, не се на продажба. Жртвите од пред 19 години, како Ѓоко Лазаревски од Лешок, ќе останат наша вечна лузна и спомен на еден од потешките периоди од современата македонска историја. Тие жртви се дадоа за наше подобро утре, изјави Стојановска.

Според Стојановска, борбата сега е за победа над понижувањата.

И сега, се наоѓаме пред избор меѓу подобро утре или повторно лаги. Подобро утре или заевиот хибриден режим. Јас нема да изберам да сум роб во сопствената држава и да сум понижена од срамните политики на Заев.  Затоа, денес, од славниот Лешок, ние-кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова на Македонија”, се обврзуваме дека ќе ја исправиме неправдата. Се обврзуваме дека ќе ја исправиме Македонија, рече Стојановска.

Заедно со Стојановска со граѓаните разговараат и останатите кандидати за пратеници од тетовскиот регион.ас/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close