0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Дафина Стојаноска: Од Македонија треба замине оваа власт, а младите да останат

Младите заминуваат од Македонија, разочарани од ветувањето за живот дома, и тие не сакаат да живеат во земја во која неправдата е закон, а криминалот е единствен начин за успех, порача од Гостивар Дафина Стојаноска носител на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“ во ИЕ 6.

Гостивар, 25 јуни 2020 (МИА) – Младите заминуваат од Македонија, разочарани од ветувањето за живот дома, и тие не сакаат да живеат во земја во која неправдата е закон, а криминалот е единствен начин за успех, порача од Гостивар Дафина Стојаноска носител на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“ во ИЕ 6.

Во обраќањето Стојаноска се осврна на предизвиците кои ги засегаат родителите и пред сé младите кои, како што рече, се исселуваат во голем број.

– За жал, сведоци сме како нашите млади секојдневно си заминуваат далеку од Македонија, барајќи подобар живот. Заминуваат, разочарани од ветувањето за живот дома, ветување кое се претвори во една голема лага. На тој список од млади луѓе кои си одат има секакви имиња: Александар, Аднан, Мухарем, Стефан… Сите овие млади луѓе кои си заминуваат имаат едно заедничко нешто: не сакаат да живеат во земја во која неправдата е закон, а криминалот е единствен начин за успех. Мораме и должни сме, како родители и политичари, ова да го измениме. Младите не смеат да заминат од Македонија. Од Македонија треба да замине оваа власт, рече Стојаноска.

Таа меѓу другото нагласи дека Македонија мора да се обнови, а обновата треба да започне од и со младите. Носителката на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“ за 6-та ИЕ ги повика младите гостиварци на масовна излезност и да го закоружат бројот 14 од гласачкото ливче. згм/цр/

Back to top button
Close
Close