0_Спорт.ПорталКошаркаРезултати

Дабл-дабл на Адетокунбо во триумфот на Милвоки над Филаделфија

Кошаркарите на Милвоки бакс продолжуваат со одличните партии во НБА лигата. Тие ноќеска ја совладаа Филаделфија со убедливи 119:98.

Милвоки, 23 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарите на Милвоки бакс продолжуваат со одличните партии во НБА лигата. Тие ноќеска ја совладаа Филаделфија со убедливи 119:98.

Најдобар играч на натпреварот беше Јанис Адетокунбо со 31 поен, 17 скокови и осум асистенции.

По оваа победа Милвоки се зацврсти на првото место во Источната конференција со биланс 48-8 (победи-порази), пред шампионот Торонто кој има ефект 41-15.

Резултати на другите натпревари од НБА лигата играни ноќта сабота кон недела:
Шарлот – Бруклин 86:115
Атланта – Далас 111:107
Чикаго – Феникс 104:112
Мајами – Кливленд 124:105
Јута – Хјустон 110:120. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close