0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

Да ги заштитиме децата ОД КОВИД-19, реализирана донација поддржана од Словачка Амбасадата

За потребите на децата од Универзитетската Клиника за детски болести денеска пред  „Родителската куќа“, наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница, е донирана медицинска опрема  во рамки на тековниот проект „Да ги заштитиме децата  ОД КОВИД-19“ поддржан од Амбасадата на Република Словачка во Северна Македонија, во рамки на борбата против пандемијата на новиот корона вирус.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – За потребите на децата од Универзитетската Клиника за детски болести денеска пред  „Родителската куќа“, наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница, е донирана медицинска опрема  во рамки на тековниот проект „Да ги заштитиме децата од КОВИД-19“ поддржан од Амбасадата на Република Словачка во Северна Македонија, во рамки на борбата против пандемијата на новиот корона вирус.
Проектот го спроведува здружението „Добредојде“, Македонија Велкам центар (ДМВЦ), со финансиска поддршка на Словак АИД .

Главната цел на проектот е да се поддржи Клиниката за детски болести во контролата на изложеноста на професионална инфекција и спроведување на контрола на инфекција на животната средина, да придонесе за мерките на земјата за спречување, откривање и одговор на пандемијата и да се придонесе за капацитетот на земјата за заштита на здравјето на децата.

Од здружението „Добредојде“ соопштија дека донацијата се состои во: 30 литра Средство(гел)  за дезинфекција на раце SOFT CARE MED H5 5L, 1000 парчиња мантили за една употреба за посетители, 30 литра течност за перење на медицинска опрема Omo  Profesional Active Clean 5, пет илјади хируршки  ракавици  NITRIL (M), 300 литра средство за дезинфекција на површини PROTECTP5 PROTECT plus r-r 0.2 g /100 ml benzal.chlorid 1000 ml, 4.500 хируршки маски  MASKADV5 MASKA двослојна ластик и 4.500 обувки за една употреба( каљачи) KALJACM1 KALJACI. цр/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close