Дописници МКДОпштински вести

Д-р Чолакова Дервишова: ФЗО да ја преиспита својата казнена политика кон приватните лекари

До Здружението на приватни лекари стигнаа бројни жалби од матични доктори и специјалисти од приватниот сектор бидејќи Фондот за здравствено осигурување им врачувал решенија за казни од 2018 и 2019 година. Како Здружение имаме донесено мораториум за казнена политика со Фондот, бидејќи тој во изминатите години требаше да направи промена на нивните правилници, промена на режим на лекови и друго, информира за МИА, д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател  на Здружението.

Велес, 2 јуни 2021 (МИА) – До Здружението на приватни лекари стигнаа бројни жалби од матични доктори и специјалисти од приватниот сектор бидејќи Фондот за здравствено осигурување им врачувал решенија за казни од 2018 и 2019 година. Како Здружение имаме донесено мораториум за казнена политика со Фондот, бидејќи тој во изминатите години требаше да направи промена на нивните правилници, промена на режим на лекови и друго, информира за МИА, д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател  на Здружението.

После ваква година на пандемија со Ковид, во која примарното здравство го даде својот максимум и работеше 24 часа и во саботи и недели, посочи таа, наместо пофалби и награди, тоа доби казни и тоа за 2018 и 2019 година.

Чолакова Дервишова прашува дали ова е начин за комуникација со казни меѓу партнерите, а кои се за некои споредни работи, како на пример погрешна шифра, некој лек не го препишал уролог туку интернист, а во тој град нема уролог и слично.

Таа побара Фондот уште еднаш да ја преиспита својата казнена политика и го потсетува дека за нивната макотрпна работа во која направиле и енормни трошоци не биле опфатени со ниеден пакет мерки за награда.

-Сметаме дека е крајно време да се направат коренити реформи во однос на постоење на Фондови и да се воведат повеќе Фондови за здравство, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Воедно таа ја потсетува Владата да го исполни своето дадено ветување на зголемување на капитацискиот бод од 63 на 90 денари, а со што на приватните доктори би им се подмириле зголемените материјални трошоци при работењето во услови на пандемија на Ковид-19. Додаде дека капитацискиот бод не е зголемен од 2018 година. ад/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close