ЕкономијаОригинални текстови

Цветан Трипуновски: Владата крати од земјоделците, а дава за поткуп

Заев зема од устата на земјоделецот, во исто време додека неговата влада штанца дозволи за марихуана на нему блиски лица.

Скопје, 19 мај 2020 

Владата крати од земјоделците, а дава за поткуп. Заев зема од устата на земјоделецот, во исто време додека неговата влада штанца дозволи за марихуана на нему блиски лица.

Во ек на коронакриза, кога земјоделството е погодено целосно поради ниските откупни цени и проблематичниот пласман СДСМ крати од парите наменети за земјоделците.

Најпогоден е буџетот на МЗШВ. Заев крати цели 2.3 милиони евра, од кои поголемиот дел се дел од програмата за водостопанство. Тоа се пари кои требаше да бидат инвестирани во санација и прочистување на системите за наводнување, но и изградба на нови системи. Со кратењето на средства СДСМ и оваа година ги осудува земјоделците да бидат без доволно вода за наводнување, а тоа ќе значи и помалку род и род со помал квалитет.

Владата кога кратела не водела сметка ниту за здравјето на граѓаните, ниту на безбедноста на храната која ќе ја конзумира нацијата. СДСМ крати над 1 милион и 100 илјади евра од програмите за ветеринарно здравствена заштита и безбедност на храната.

Да не беше жално ќе беше смешно. СДСМ нема план за државата. Сите чекори и мерки, ако може да се наречат така се правени по принципот купи ден продај.

Како поинаку да се свати зголемувањето од 270 илјади евра во ставката за плати во АХВ, освен предизборен поткуп со вработување на гласачи на СДСМ и тоа во исто време кога агенцијата крати од делот на контрола на храна.

Не се поштедени ниту субвенциите. СДСМ предвидува намалување од 1 милион евра од буџетот на АФПЗРР.

Ребалансот на Нина и Трајан е без план. Крателе кај ќе стигнат. Без да водат сметка за земјоделците.

Македонија не може понатаму без јасна визија. Потребна е стратегија. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Изјава 19.05.2020

Владата крати од земјоделците, а дава за поткуп. Заев зема од устата на земјоделецот, во исто време додека неговата влада штанца дозволи за марихуана на нему блиски лица.Во ек на коронакриза, кога земјоделството е погодено целосно поради ниските откупни цени и проблематичниот пласман СДСМ крати од парите наменети за земјоделците.Владата кога кратела не водела сметка ниту за здравјето на граѓаните, ниту на безбедноста на храната која ќе ја конзумира нацијата. СДСМ крати над 1 милион и 100 илјади евра од програмите за ветеринарно здравствена заштита и безбедност на храната.Ребалансот на Нина и Трајан е без план. Крателе кај ќе стигнат. Без да водат сметка за земјоделците.Македонија не може понатаму без јасна визија. Потребна е стратегија. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија.ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Posted by Цветан Трипуновски on Вторник, 19 мај 2020

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close