Оригинални текстови

ЦСР Велес: Семејството Јованови се во системот за социјална заштита

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Велес информира дека со семејството мајката Ангелина и Јордан Јованов од Велес, за кои вчера беше објавена сторија во медиумите, се во системот на социјална заштита и примаат помош од 11.600 денари.

Скопје, 21 јануари 2020 

Во врска со семејстовто Ангелина и Јордан Јованови од Велес ја информираме јавноста дека Јованови се во системот на социјална заштита и примаат помош од 11.600 денари. Дополнително во соработка со Општина Велес работиме на обезбедување на помош за подобрување на условите на живот.

Центарот за социјални работи Велес е во постојана комуиникација со корисниците на социјалните права и се грижи за нив со цел да им обезбеди подобри и попристојни услови за живот.

Во меѓувреме Јованови се снабдени и со огрев и се упатени на остварување на другите права од социјална заштита.

ЦСР Велес за семејстовто Јованови од Велес

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Back to top button
Close
Close