Дописници МКДОпштински вести

Црвениот крст во Кичево ги одложува своите активности

Општинска организација на Црвениот крст во Кичево, ги одложува предавањата и обуките за Прва помош за возачи, закажани за 17 и 18 март и сите други предвидени активности, информираат од оваа Општинска организација.

Кичево, 11 март 2020 (МИА) – Општинска организација на Црвениот крст во Кичево, ги одложува предавањата и обуките за Прва помош за возачи, закажани за 17 и 18 март и сите други предвидени активности, информираат од оваа Општинска организација.

Во соопштението на Црвениот крст – Кичево, се вели дека оваа одлука е донесена имајќи ја предвид неповолната ситуација која ја зафати нашата држава како и препораките на Владата на Република Северна Македонија поврзани со корона вирусот.

Воедно од таму известуваат намера да се избегнат ризични однесувања како масовни собири во затворен простор. рз/оџ/

Back to top button
Close
Close