Дописници МКДОпштински вести

Црвениот крст во Кичево дистрибуираше 48 пакети со храна и хигиенски средства

Општинската организација на Црвениот крст во Кичево дистрибуираше 48 пакети со храна и хигиенски средства на стари и изнемоштени лица, лица со посебни потреби и самохрани родители. Помошта е донација од УСАИД.

Кичево, 24 јуни 2020 (МИА) –  Општинската организација на Црвениот крст во Кичево дистрибуираше 48 пакети со храна и хигиенски средства на стари и изнемоштени лица, лица со посебни потреби и самохрани родители.

Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево изјави дека по препораките за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19 во континуитет од почетокот на пандемијата преку нивните волонтери работат со теренска сервисна услуга за храна, хигиенски срества и лекови за стари и изнемоштени лица, лица со посебни потреби и самохрани родители кои не можат да излезаат од дома.

-Продолжуваме со дистрибуција на хуманитарна помош и тоа со помош на нашите волонтери во временски период од три дена Црвениот крст на Општинска организација во Кичево  дистрибуираше хуманитарна помош за сите лица на кои нашата помош им е неопходна. Поделивме 24 пакети со храна и 24 пакети со хигиенски средства, кои беа донација од УСАИД, изјави Лазеска.

Црвениот крст, потенцираше,продолжува да работи и да дава поддршка за намалување на ризикот  од ширењето на вирусот во Општина Кичево.рз/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close