0_Македонија.ПорталОпштество

Црвениот крст ќе најави кампања за набавка на инкубатор за бебиња сместени на Детската клиника

Црвениот крст во рамки на одбележувањето 75 години постоење ќе спроведе кампања за обезбедување парична донација за Одделот за неонатологија при Универзитетска клиника за детски болести.

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Црвениот крст во рамки на одбележувањето 75 години постоење ќе спроведе кампања за обезбедување парична донација за Одделот за неонатологија при Универзитетска клиника за детски болести.

Средствата што ќе се соберат ќе бидат наменети за набавка на инкубатор за предвремено родени и болни бебиња сместени на Детската клиника.

За кампањата денеска на прес-конференција ќе информираат генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити и директорката на Клиниката за детски болести, Наташа Најдановска Алулоска. рп/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close