0_Македонија.ПорталОпштество

Црвен крст: Подготвени сме да понудиме помош за настраданите во земјотресите во источна Турција

Црвениот крст соопшти дека е во комуникација со Турската Црвена полумесечина и дека е подготвен да понуди помош доколку биде потребна за настраданите по серијата земјотреси, што на 24 јануари го погодија источниот дел на Турција, во кои загинаа најмалку 38 лица, над 1.600 беа повредени, а беше предизвикана и голема материјална штета.

Скопје, 27 јануари 2020 (МИА – Црвениот крст соопшти дека е во комуникација со Турската Црвена полумесечина и дека е подготвен да понуди помош доколку биде потребна за настраданите по серијата земјотреси, што на 24 јануари го погодија источниот дел на Турција, во кои загинаа најмалку 38 лица, над 1.600 беа повредени, а беше предизвикана и голема материјална штета.

Согласно изјавите на потпретседателот на државата Фуат Октај и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, како што се посочува, засега не e потребна дополнителна меѓународна хуманитарна поддршка.

Црвениот крст изразува сочувство за настраданите лица и нивните семејства од земјотресите, стои во соопштението. рп/скс/

Back to top button
Close
Close