Дописници МКДОпштински вести

Црвен крст – Кочани ќе обучува негуватели на стари лица во домашни услови

Општинската организација на Црвен крст од Кочани го почнува проектот „Развој на социјални услуги“, преку кој ќе се обучуваат кандидати за нега и грижа за стари лица во домашни услови.

Кочани, 12 јуни 2021 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст од Кочани го почнува проектот „Развој на социјални услуги“, преку кој ќе се обучуваат кандидати за нега и грижа за стари лица во домашни услови.

Проектот се реализира во партнерство со Општина Кочани и со Министерството за труд и социјална политика, а финансиски е поддржан од Светската банка.

– Целта на оваа активност е да обезбедиме доволен број лица кои ќе добијат соодветна стручна обука за помош и нега на стари и немоќни, при што ќе ги посетуваат во нивните домови. Веќе го објавивме огласот за пријавување на заинтересираните кандидати, кои треба да исполнуваат минимални услови, односно да имаат завршено основно образование, да се неосудувани и да имаат мотив да им помагаат на луѓето на кои им е потребна секојдневна домашна грижа. Негувателите ќе бидат ангажирани на територијата на општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, истакна Анета Коцева, секретар на ОО Црвен крст – Кочани.

Пријавувањето на кандидатите во просториите на општинскиот Црвен крст – Кочани ќе трае до 22 јуни. Предност при ангажманот ќе имаат жители на трите општини, кои се невработени или лица кои ја изгубиле работата во време на пандемија, односно кои припаѓаат на ранлива група граѓани.

По обуката за помош и грижа на стари лица, негувателите ќе се стекнат со верификуван сертификат, а ќе бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен крст – Кочани.та/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close