Дописници МКДОпштински вести

Црвен крст Делчево се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против срцеви заболувањa

Општинската организација на Црвен крст Делчево се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против срцеви заболувања. Во рамки на активностите во централното градско подрачје волонтерите од Црвен крст, почитувајки ги КОВИД мерките, делеа едукативни флаери за подигање на свеста за ризиците и заштитата од срцеви заболувања.

 Делчево, 1 март 2021 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст Делчево се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против срцеви заболувања. Во рамки на активностите во централното градско подрачје волонтерите од Црвен крст, почитувајки ги КОВИД мерките, делеа едукативни флаери за подигање на свеста за ризиците и заштитата од срцеви заболувања.

Традиционално и оваа година од 21-28 Февруари ја одбележуваме Неделата на борба против срцевосадови заболувања, низ силната симболика на слоганот  „Здраво срце, среќно срце!” По тој повод волонтерите од нашата општинска организација делеа информативно – едукативни флаери на ѓраѓаните со цел да се подигне свеста за сериозноста на болестите на кардио-васкуларниот систем, истакнаа од ОО Црвен крст Делчево.

Оттаму додадоа дека активностите неделава продолжуваат со крводарителски акции кои ќе се одржи претстојниот четврток во Делчево и Македонска Каменица.

-Во четврток и петок 4 и 5 март.2021 година од 9:30 до 14:30 часот во Делечво и Македонска Каменица ќе се одржат редовните крводарителски акции за месец март, за што ги повикуваме сите крводарители кои сакаат да даруваат крв да дојдат и да дадат голем придонес за здравјето на населението, a воедно ги покануваме и сите ученици кои наполниле 18 години да ја покажат својата хуманост и да даrуваат крв, додадоа од ОО Црвен крст Делчево.

На крводарителската акција како што дополнија ќе се применуваат сите протоколи и препораки за заштита од КОВИД. вс/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close