Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Црна Гора забрани влез за сите автобуси од Албанија чија дестинација е Италија

Црногорските власти донесоа одлука за забрана на влез на сите автобуси од Албанија, чија дестинација е Италија

Тирана, 11 март 2020 (МИА) – Црногорските власти донесоа одлука за забрана на влез на сите автобуси од Албанија, чија дестинација е Италија.

– Уште од раните утрински часови е издадена наредба на граничните премини Муриќан и Хан Хоти да не се дозволи влез на патници кои патуваат за Италија, јави „Топ чанел“.

Телевизијата истакна дела дека под овие услови сите автобуси се враќаат назад.

– Ова е во согласност со мерките преземени и од други земји, како што, според информаците, Хрватска воведе карантин од 14 дена за лица што ја преминуваат границата, посочи телевизијата.

Во меѓувреме, потврдено е дека во Албанија 12 лица се заразени со новиот коронавирус, додека првите два случаи, татко и син, поминале токму преку преминот „Муриќан“ на враќање од Италија.

На пладне на овој премин дозволен е влез на автобус, како и на неколку автомобили, со 60 албански државјани од Италија, кои во изминатите денови биле запрени во Хрватска. До преминот на албанска страна биле придружувани од хрватската и црногорската полиција. вт/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close