0_Web_АктуелноБалканБалкан.Портал

Црна Гора: Ѓукановиќ распиша парламентарни избори за 30 август

Покрај парламентарните избори, ќе се одржат избори за општинските собранија на Андријевица, Будва, Гусиње и Котор, се вели во соопштението на претседателот.

Подгорица, 20 јуни 2020 (МИА) – Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за 30 август распиша парламентарните и избори во неколку општини,

Покрај парламентарните избори, ќе се одржат избори за општинските собранија на Андријевица, Будва, Гусиње и Котор, се вели во соопштението на претседателот.

Според неговиот кабинет, Ѓукановиќ одлуката ја донел по консултациите што ги одржа на 16 јуни со претставници на парламентарните партии и коалиции.

Одлуките на претседателот на Црна Гора влегуваат во сила на денот на нивното донесување. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close