БалканБалкан.Портал

Црна Гора: Нов повик за доброволно служење воен рок

Министерството за одбрана на Црна Гора соопшти дека наскоро ќе распише конкурс за доброволно служење воен рок, а откако беше донесена одлука минатата година, како еден од моделите на обука за воена служба со цел да се создаде база за пополнување редовни и резервни сили.

Подгорица, 22 јануари 2020 (МИА) – Министерството за одбрана на Црна Гора соопшти дека наскоро ќе распише конкурс за доброволно служење воен рок, а откако беше донесена одлука минатата година, како еден од моделите на обука за воена служба со цел да се создаде база за пополнување редовни и резервни сили.

Генералниот директор на Дирекцијата за човечки ресурси при Министерството за одбрана, Михаил Волков изјави дека ова е нов проект кој досега резултирал во успешно завршени циклуси на обука и изрази верување дека тој број ќе се зголеми во иднина.

Тој, исто така, објасни дека принципот на аплицирање за доброволна воена служба е со јавно објавување.

– За време на обуката војниците стекнуваат знаење и вештини потребни за извршување на должностите во единиците на Армијата при воена или вонредна состојба, истакна Волков. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close