БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Црна Гора: Митрополијата Црногорско-приморска одбива да подмирува даночни обврски

Вицепремиерот на Црна Гора, Милутин Симовиќ, изјави дека митрополијата Црногорско-приморска одбива да евидентира деловни активности и да подмирува законски обврски, како што тоа мора да го прави Српската православна црква (СПЦ) во сите земји.

Подгорица, 5 март 2020 (МИА) – Вицепремиерот на Црна Гора, Милутин Симовиќ, изјави дека митрополијата Црногорско-приморска  одбива да евидентира деловни активности и да подмирува законски обврски, како што тоа мора да го прави Српската православна црква (СПЦ) во сите земји.

– Значи, јасно е дека непочитувањето на законските обврски е исто така непочитување на државата, нагласи тој.

Според него, и во кралството Црна Гора, Црногорската православна црква уредно ги пријавувала сите приходи и пописи на целиот свој имот и ги доставувала до државните органи за увид.

– Во овие времиња, за жал, сме сведоци дека самиот митрополит Амфилохије вели дека црквата треба да ја регистрира државата за таа да биде реална и вистинска држава. Црна Гора е држава и целиот свет го признава тоа, рече Симовиќ за Телевизија Црна Гора.

Даночната администрација претходно објави дека долгот на митрополијата за даноци на недвижнини и работи што извршува, а не се верски е повеќе милиони евра. зш/

Back to top button
Close
Close