Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Црна Гора го отвора последното преговарачко поглавје

Земјите-членки на ЕУ дадоа зелено светло за отворање на последното неотворено поглавје во пристапните преговори со Црна Гора.

Брисел, 23 јуни 2020 (МИА) – Земјите-членки на ЕУ дадоа зелено светло за отворање на последното неотворено поглавје во пристапните преговори со Црна Гора.

Станува збор за Поглавјето осум, кое ги регулира проблемите со конкуренцијата и кое Црна Гора треба да го отвори на Меѓувладината конференција следната недела.

Предлогот за отворање на последното поглавје за преговори со Црна Гора го поздравија претставниците на земјите од ЕУ во рамки на работната група на Советот на ЕУ за проширување, што треба да биде потврден утре од амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел..

Црна Гора е во преговори за членство во ЕУ од 2012 година.

Со Поглавјето осум, ќе бидат отворени сите 33 поглавја во преговорите, од кои три се привремено затворени. ссм/

Back to top button
Close
Close