0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани, најверојатно со негативен ПЦР-тест

Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша.

Подгорица, 14 август 2020 (МИА) –  Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша.

– За влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР-тест или серолошки тест ЕЛЕСА, изјави Мугоша во гостувањето на утринската програма на телевизијата „Вијести“.

Според него, одлуката за отворање на границите е донесена по барање од туристичката заедница.

Начините за влез во земјата треба да ги одреди денеска на седница Националното координативно тело. вг/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close