СветСвет.Портал

Цивил убиен во турска офанзива против курдските бунтовници во Ирак

Ирачки цивил е убиен во турски воздушен напад извршен денеска против курдските бунтовници во северен Ирак, соопштија локалните власти.

Багдад, 19 јуни 2020 (МИА) – Ирачки цивил е убиен во турски воздушен напад извршен денеска против курдските бунтовници во северен Ирак, соопштија локалните власти.

– Овчарот е убиен во зори. Тој е првата цивилна жртва на турската офанзива, соопштил официјален претставник кој побарал да остане анонимен.

Нападот се случил во провинцијата Дохук, во близина на тромеѓето меѓу Сирија, Турција и Ирак. Турција на 17 јуни распореди специјални сили во северен Ирак како дел од копнената операција „Канџа-Тигар“ против бунтовниците на Курдската работничка партија (ПКК).

Операцијата, која се спроведува со поддршка на авијацијата и артилеријата, е одговор на зачестените напади врз турските сили во близина на границата.

Анкара и нејзините западни сојузници ја сметаат ПКК за терористичка организација. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close