Граѓански секторОригинални текстови

ЦИВИЛ: Мирот единствен начин за надминување на омразата, насилството и национализмот

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти, волонтери, како и граѓанските здруженија, политичките субјекти, да се приклучат на сите мирољубиви луѓе ширум светот во одбележување на Меѓународниот ден на мирот.

Скопје, 21 септември 2020

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти, волонтери, како и граѓанските здруженија, политичките субјекти, да се приклучат на сите мирољубиви луѓе ширум светот во одбележување на Меѓународниот ден на мирот.

Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за Меѓународен ден на мирот. И оваа година, на 21 Септември, Меѓународниот ден на мирот, мирот е достижен само ако заеднички се избориме и ги надминеме сите меѓусебни недоразбирања, ги почитуваме човековите права и слободи и веруваме дека сите подеднакво заслужуваме да живееме во мир, слобода и достоинство.

ЦИВИЛ апелира дека мирот, слободата, единството се вредности кои Северна Македонија ги има и треба секојдневно да ги вреднува и промовира. На овој начин ќе се надминат предрасудите, омразата, нееднаквоста, ќе се извојува битката против меѓуетничките конфликти, корупцијата, сиромаштијата…

На 19 септември 2013, ЦИВИЛ поднесе иницијатива до Собранието на Македонија, 21 Септември – Меѓународниот ден на мирот и 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права, да бидат прогласени за национални празници. Оваа година ЦИВИЛ започна и интензивна кампања во борба против говор на омраза и дела од омраза, повикувајќи ги сите засегнати страни во општеството за конструктивен дијалог и мирен и ненасилен начин на решавање на конфликтни ситуации поттикнати од различностите.

ЦИВИЛ останува буден и гласен во одбрана на човековите права и слободи упатувајќи силна порака дека секој поединец може да придонесе кон надминување на омразата, предрасудите, национализмот, насилството и култот кон оружјето.

Цивил – Центар за слобода

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close