0_Магазин.ПорталАвтомобилиДописници Свет

„Цитроен“ претстави електричен автомобил од 6.900 евра изработен во Мароко

Цитроен, вториот историски бренд на ПСA, го претстави во Дефанс Арената во Париз, новиот електричен мини-автомобил по цена од 6900 евра, произведен во својата фабрика во Кенитра во Мароко, јави дописникот на МИА.

Париз, 29 февруари 2020 (МИА) – Цитроен, вториот историски бренд на ПСA, го претстави во Дефанс Арената во Париз, новиот електричен мини-автомобил по цена од 6900 евра, произведен во својата фабрика во Кенитра во Мароко, јави дописникот на МИА.

Возилото, именувано АМИ, ќе се нуди и за 19,99 евра месечно, цената на една телефонска претплата за мобилен оператор во Франција.

Автомобилот на пазарот ќе се појави во јуни и го означува пристигнувањето на првата нова генерација на ПСА електрични модели на марката Цитроен, шест месеци по тие на Пежо,Опел и ДС…

Автомобилот е долг само 2,41 м, во форма на коцка или како што велат Французите „чамче за јогурт“ може да се купи само преку Интернет. Наменет првенствено за урбана и млада публика, АМИ ќе може да превезува две лица и да се вози без возачка дозвола. тг/ссм/

Back to top button
Close
Close