0_Web_АктуелноБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Ципрас од Солун: ДА за Македонија на демократијата и солидарноста – НЕ за омразата и национализмот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва од политички настан организиран од неговата партија СИРИЗА во Солун, ќе испрати порака дека областа Македонија, односно северниот дел на Грција, поддржува солидарност и демократија, а не национализам, омраза, поделба и нетолеранција.

Атина, 14 декември 2018 (МИА) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва од политички настан организиран од неговата партија СИРИЗА во Солун, ќе испрати порака дека областа Македонија, односно северниот дел на Грција, поддржува солидарност и демократија, а не национализам, омраза, поделба и нетолеранција.

Говорот на Ципрас во Солун, закажан за 19.30 часот по локално време (18.30 по средноевропско време), на тема „ДА за Македонија на демократијата и солидарноста – НЕ за омразата и национализмот“, доаѓа по собирите и блокадите на средните училишта од учениците во северна Грција, кои преку слогани тврдеа дека „демократијата ја продала и предала Македонија“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Паралелно и во исто време со обраќањето на грчкиот премиер што ќе се одржи во спортска сала во Солун, закажани се и три различни протести. Два на десничарски здруженија и организации кои се против Договорот од Преспа, а еден на анархистички здруженија и групи.

Преку социјалните мрежи, одредени групи за „одбрана на Македонија“, повикуваат на собири, а едните по пример на Французите, ги повикуваат Грците,  да им се придружат облечени во жолти елеци.

Контра-протест организираат анархистички организации и групи.

Според грчките медиуми, поради говорот на Ципрас и закажаните протести, Солун вечерва ќе биде под силни безбедносни мерки за да се избегнат какви било инциденти.

Како што објави МИА минатата седмица, настанот на грчката владејачка партија против поделбата и нетолеранцијата го најави генералниот секретар на СИРИЗА, Панос Скурлетис, на прес-конференција во Солун. ср/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close