0_Спорт.ПорталРезултатиТенис

Циципас стигна до третото финале во сезоната

Шестиот светски рекет Стефанос Циципас го победи Кристијан Гарин на турнирот во Хамбург со 2-1, по сетови 7:5, 3:6 и 6:4.

Хамбург, 26 септембври 2020 (МИА) – Шестиот светски рекет Стефанос Циципас го победи Кристијан Гарин на турнирот во Хамбург со 2-1, по сетови 7:5, 3:6 и 6:4.

Дваесет и двегодишниот Грк стигна до третото финале во сезоната.

Тој пртходно учествуваше на завршниот меч на турнирите во Марсеј  и во Дубаи.

За Циципас утрешното финале ќе биде 12. во кариерата. Досега има пет победи.

Противник на Циципас во финалето во Хамбург ќе му биде Андреј Рулев.

Нивниот меѓусебен скор е 1:1. И за Циципас и за Рублев ова ќе биде прва титула од АТП турнирите Серија 500. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close