0_Спорт.ПорталТенис

Циципас: Секој ден е можност за приближување до трофејот

Шестиот светски рекет Стефанос Циципас, откако се пласираше во 1/8 финалето на Австралија опен, одговори на прашањата дали е во можност да го освои Грен слем турнирот.

Мелбурн, 13 февруари 2021 (МИА) – Шестиот светски рекет Стефанос Циципас, откако се пласираше во 1/8 финалето на Австралија опен, одговори на прашањата дали е во можност да го освои Грен слем турнирот.

– Победата ќе дојде кога ќе дојде. Сознавам само дека ако сум способен, можам да победам. Не сакам да се фокусирам на работи што сè уште не се случиле.

Ова е процес за мене. Треба да излегувате на терен секој ден и да покажувате напредок, најдобрата верзија за себе. Секој ден е можност да се приближиме до сонот за освојување на трофејот на Грен слемот, изјави Циципас.

Грчкиот тенисер кој е петти фаворит на Грен слемот во Мелбурн, во осминафиналето ќе се соочи со деветтиот носител, Матео Беретини од Италија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close