0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Циципас: Пет минути пред финалето, мојата сакана баба ја загуби битката за живот

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој вчеравечер загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, изјави дека ја загубил баба си пред самиот почеток на мечот.

Париз, 14 јуни 2021 (МИА) – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој вчеравечер загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос, изјави дека ја загубил баба си пред самиот почеток на мечот.

– Најважната работа во животот не е победа или пораз. Поентата е да уживате во секоја секунда – без разлика дали сте сами или со други. Живејте смислен живот без страдање и понижување. Подигањето трофеи и славењето победи е нешто, но има и повеќе од тоа.

Пет минути пред да влезам на теренот, мојата сакана баба ја загуби битката за живот. Мудра жена чија вера во животот и подготвеност за споделување е неспоредлива со која било друга личност што сум ја сретнал. Важно е да има повеќе луѓе како неа во светот. Таквите луѓе ве прават да оживеете, ве тераат да сонувате. И сакам да кажам дека без оглед на исходот, околностите и ситуацијата, ова е целосно посветено на неа – и само на неа. И благодарам што го израсна татко ми. Сето ова ќе беше невозможно без неа, истакна Циципас.

Дваесет и двегодишниот Грк во финалето водеше со 2:0, но на крајот го загуби мечот со 3:2 и остана без трофејот од Грен лемот во Париз. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close