0_Спорт.ПорталТенис

Циципас го освои првиот Мастерс во кариерата

Петтиот рекет на светот Стефанос Циципас, попладнево го победи Андреј Рубљов со 2-0 во финалето на турнирот во Монте Карло и ја освои шестата титула во кариерата и првата од серијата Мастерс.

Монте Карло, 18 април 2021 (МИА) – Петтиот рекет на светот Стефанос Циципас, попладнево го победи Андреј Рубљов со 2-0 во финалето на турнирот во Монте Карло и ја освои шестата титула во кариерата и првата од серијата Мастерс.

Двата сета Циципас ги доби со 6:3 во меч што траеше 1 час и 12 минути.

Билансот на Гркот во финалињата е шест победи и осум порази.

Воедно, 22-годишниот Циципас стана најмладиот шампион на Монте Карло од 2008 година, кога Рафаел Надал го освои трофејот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close