0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Чулев во работна посета на ПС Прилеп, акцентот останува на спречување изборни нерегуларности

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информираше дека за време на денешната работна посета на полициската станица во Прилеп се раговарало и бил информиран за криминалитетот, за акциите на полицијата и за постапување за спречување нерегуларности во изборниот процес, особено за спречување поткуп на гласачите.

Прилеп, 25 јуни 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информираше дека за време на денешната работна посета на полициската станица во Прилеп се раговарало и бил информиран за криминалитетот, за акциите на полицијата и за постапување за спречување нерегуларности во изборниот процес, особено за спречување поткуп на гласачите.

Според Чулев, во однос на криминалитетот, организирани се неколку успешни акции, посебно во областа на имотните кривични дела, во рудниците во Мариово каде се откриени кражби во износ од 300 илјади евра, а спречена е кражба и во ПИ „Витаминка“. Откриена е злоупотреба на службената должност во „Еурокомпозит“, а ОВР Прилеп, по пријава на вработени, поднело кривична пријава до ОЈО Прилеп за директорот на „Еурокомпозит“ Златко Граороски и за неговиот стручен советник Васил Коцев.

– Имено, тие со намера да извлечат финансиски средства од „Еурокомпозит“, без да ги известат стручните тела на фирмата и Одборот на директори, пристапиле кон склучување меѓународен договор со фирма од Република Гана од Африка во износ од еден милион и 725 000 евра за изработка на 15 000 рударски шлемови по цена неколку пати повисока од реалната. Целата коресподенција била преку приватни електронски адреси. Не се проверени ниту бонитетот на фирмата, ниту стручните пороцедури. Целата коресподенција, индикативно е, што се вршала преку физичко лице во Гана. Префрлени се пари на ова и на други физички лица. Инаку договор нема заведено во архивата на фирмата, изјави министерот Чулев.

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба има и во ЈП „Црн Бор“.

По оперативната акција „Гора“, која е за зачувување на шумскиот фонд, информира, поднесена е кривична пријава против за директор на подрсќната единица на „Македонски шуми“, „Црн бор“ и против двајца референти, кривичната пријава е за злоупотреба на службената должност зашто, според пријавата 187 метри кубни дрва од прва класа, преку 18 испратници ги доделиле на приватна фирма од Прилеп со која имале склучено договор за дрвен отпад.

На прашањето дали е испратен список на граѓани кои станале полнолетни, Чулев рече дека ја завршиле обврската кон ДИК, а за дополнително ќе чекаат дали Комисијата ќе побара од нив.

– МВР веќе достави списоци и оваа обврска е завршена. За овој следен период до изборите, доколку ДИК побара од Министерството, ние ќе доставиме. Но, се што ДИК побара, е доставено, рече Чулев.

Прашан дали има притисоци, Чулев вели дека неселективно постапува во борбата против организираниот криминал.

– Јас сум под константен притисок од власите и како министер и како човек. Ова укажува на спреги во криминални активности. Сите напади ги сметам како непринципиелни и во контекст на изборната кампања, вели Чулев.

Министерот Чулев истакна дека акцентот останува на спречување на изборни нерегуларности, а снимен е и спот во соработка со ДИК.

– Главен акцент ќе ни биде на спречување поткуп, семејни гласања, вршење притисок врз гласачите. Досега имавме реализирано неколку случаи каде е утврден поткуп на гласачи. На мој предлог во соработка со ДИК, изработен е пропаганден материјал, односно спот на ДИК и МВР во кој на граѓаните јасно ќе им укажуваме дека секој поткуп или секое нарушување на избирачкото право, најсериозно ќе се казнува. Граѓаните ќе имаат прилика да го видат спотот, изјави Чулев. ем/цр

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close