0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Чулев: Сите политички чинители со своите постапки да покажат високо ниво на одговорност

Во минатато неколку пати нагласив дека коронавирусот е државен, а не политички или партиски проблем и во неговото решавање пристапувам токму така и секогаш бев противник кога истиот се злоупотребуваше во политички цели. Но, преставниците на власта веројатно брзајќи да го најдат виновникот во спротивните политички редови, заборавија на грижата на граѓаните и за грижата за сопственото здравје, а тоа доведе до состојба во која секојдевно имаме фрапатни бројки на новозаразени од коронавирусот, а дел од нив се токму од редовите на СДСМ, порача вечерва техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев преку својот профил на Фејсбук.

Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) – Пандемијата од коронавирусот е реалност за сите нас и неопходно е максимално претпазливо и одговорно да се однесуваме за да го заштитиме сопственото здравје и живот, но и здравјето и животот на граѓаните. Дополнително, сите ние – политичарите преку сопствените постапки и сопственото однесување треба да претставуваме пример за тоа како треба да се однесуваат граѓаните исправени пред овој голем предизвик, порача вечерва техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во објава на својот профил на Фејсбук.

Во минатато, наведува, неколку пати нагласив дека коронавирусот е државен, а не политички или партиски проблем и во неговото решавање пристапувам токму така и секогаш бев противник кога истиот се злоупотребуваше во политички цели. Но, преставниците на власта веројатно брзајќи да го најдат виновникот во спротивните политички редови, заборавија на грижата на граѓаните и за грижата за сопственото здравје, а тоа доведе до состојба во која секојдевно имаме фрапатни бројки на новозаразени од коронавирусот, а дел од нив се токму од редовите на СДСМ.

– Ниту Наќе е „луд“ како што би рекол Шилегов, ниту пак полициските службеници се виновни што дел од политичарите од власта не водат грижа за сопственото здравје. Исто така, Министерството за внатрешни работи не е виновно што дополнителниот заменик министер Петровска не ги почитува препораките за групирање. За каква одговорност пред граѓаните зборуваме, кога тие со своите постапки покажуваат исклучителна ниска одговорност за своето здравје? Како да очекуваме тие да го заштитат здравјето на граѓаните кога не се способни да го заштитат своето здравје?, пишува Чулев.

Апелира до сите политички чинители во државата со своите постапки да покажат високо ниво на одговорност. Пред се, потенцира, наша обврска е да ги почитуваме одлуките што ги носи Владата, а со тоа ќе покажеме високо ниво на одговорност и свесност за состојбата која се наоѓаме.

-Секое однесување кое е спротивно со ова е неодговорно и заслужува секаков вид на осуда. На крајот, на тие кои се соочуваат со овој сериозен здравствен проблем, вклучително и на тие од другата политичка страна, им посакувам побрзо оздравување, моите колеги политичари од Министерството за внатрешни работи ги потсетувам за препораките за кои тие често сакаат говорат на состаноците и во јавноста и на политичките партии им препорачувам да бидат одговорни при спроведување на кампањата за парламентарните избори кои се пред нас, наведе министерот Чулев. лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close