0_Македонија.ПорталПолитика

Чулев се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска во Скопје се сретна со италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска во Скопје се сретна со италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

На средбата, информираат од МВР, амбасадорот Ромео беше запознаен со заложбите на Министерството за внатрешни работи за организирање фер и демократски избори, како и со мерките кои се преземаат за превенција од нарушување на изборниот процес.

Министерот Чулев се заблагодари за поддршката што МВР континуирано ја добива во форма на обуки, проекти и ресурси од Италија.

Двете страни заеднички ја потврдија заложбата за зацврстување на меѓусебна соработка во иднина. вј/сп/

Back to top button
Close
Close